Пејачката Марија Микиќ е бремена три месеци откако се породи

Српската пејачка Марија Микиќ е бремена три месеци откако се породи. Таа и нејзиниот партнер објавија слика од тестот за бременост, па велат, новинарите дознале и затоа решиле да ја споделат порано веста.

„Нема одмор додека трае обновата. Уште еден доказ дека не се може против седмата сила. Сакавме уште малку да почекаме за да ја објавиме убавата веста, ама нè изненадивте“, напиша пејачката на Инстаграм.

Марија пред три месеци ја роди ќерката Ѓурѓа, која е нејзино прво дете со партнерот Јован Пантиќ. Од првиот брак таа има и син.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Mikic (@wwwmarijamikiccom)

Scroll to Top