Пејачот Зоран Илиев ќе стане татко

Поп-пејачот Зоран Илиев ќе стане татко. Тој на „Инстаграм“ објави фотографија на која се гледа трудничкиот стомак на неговата сопруга Анѓелка. Зоран и Анѓелка се венчаа на 11 јули, а веста за венчавката пејачот исто така ја сподели преку социјалните мрежи со своите пријатели. „Господин и госпоѓа Илиеви“, напиша тој покрај фотографијата. Од пријателите и следбениците доби бројни честитки.

Зоран ја побара својата долгогодишна девојка за жена на почетокот на годината на манастирот Св. Преображение во Крушево.

Зоран долги години е на македонската музичка сцена, а публиката најмногу го памети по двете победи на „Макфест“ во Штип. Првиот пат победи со песната „Ангели и демони“, а вториот пат заедно со Анабела Атијас кога ја пееја песната „Од утро до вечер“.

Scroll to Top