За време на посетата на Хрватска претседателот Стево Пендаровски беше и во музејот во Загреб којшто го носи името на една од најголемите кошаркарски легенди – Дражен Петровиќ. Таму доби и дрес, а домаќин им беше внукот од брат на Дражен, Марко Петровиќ.
„Музејот покажува само мал дел од успесите во, за жал, кратката кариера на Дражен“, вели Пендаровски, кому по подарија и дрес од кошаркарската легенда кого го нарекуваа уште и кошаркарскиот Моцарт.