Претседателот Стево Пендаровски им додели Орден за заслуги на Република Македонија на Милица Стојанова, Милка Ефтимова и Стојна Вангеловска.
Легендарата актерка Милица Стојанова е одликувана за нејзиниот фундаментален придонес во основањето на македонскиот театар, како и за развојот и афирмацијата на македонските театар и филм. Таа е втемелувач на современиот македонски театар со одиграни 139 улоги на театарските сцени, околу 200 улоги во радио-драмското студио, дваесетина ТВ драми, 15 ТВ серии, 17 филмски остварувања.
Милка Ефтимова е наградена за исклучителниот и траен придонес во развојот на оперското пеење и за својата педагошка активност, а олимписката вицешампионка од 1988, Стојна Вангеловска, за нејзините врвни резултати во кошарката како играч и тренер.