Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска, вчера го привлекоа вниманието на отворањето на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола. Првата дама беше облечена во долго црно здолниште со висок струк, бела кошула со крената јака и не носеше накит, а претседателот избра елегантен костум со тегет вратоврска. Присутните коментираа дека двајцата се елегантни, но и дека сопругата на Пендаровски шик, иако е облечена едноставно.
56-годишниот претседател е главен покровител на 40. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Тој во преполната сала му ја врачи наградата „Златна камера 300“ за животно дело на светски познатиот директор на фотографија, Едвард Лакман. Потоа одржа говор со кој го отвори фестивалот.
Пред почетокот на фестивалот беше поставен перформанс од режисерот Срѓан Јанаќијевиќ.
Фото: Фејсбук