Пензионерски денови со пиво

Македонскиот актер Гоце Тодоровски со пиво и друштво ужива во своите пензионерски денови. Одморот и релаксацијата од глумата бардот на македонското глумиште ги најде во скопската кафеана „Чешма“, каде што со свој близок пријател го искористи убавото време за муабет и дружба.

Минатиот месец Гоце Тодоровски ја одигра својата последна претстава во Драмскиот театар и замина во пензија. Тодоровски вели дека засега формално не е пензионер, но дека ги поднел документите.

На последната претстава, како и во текот на кариерата, најголема поддршка доби од семејството, кое, покрај колегите, му беше поддршка и на последната претстава во преполната сала.

 

Scroll to Top