Никола Перевски-Пере, фронтмен на популарните „Нокаут“, откри дека е горд на своите ќерки две ќерки, Михаела и Каја.
„Горд сум на овие мои две ќерки Македонки. Љубов, љубов и само љубов. Позитивни мисли и вибрации. И кој нема ќерка, никогаш нема да ја бакне најубавата девојка на светот“, напиша Пере на своите профили на социјалните мрежи и објави слика со нив.
Неодамна во интервју за „Репортер“ Пере раскажа дека Михаела веќе оди по неговите стапки и дека се занимава со музика. Таа ги пееше придружните вокали на концертот што бендот го одржа пред неполн месец во СРЦ Кале, а со кој одбележа 20 години од кариерата.
Пере од „Нокаут“: Споменот на Ацо Конга и денес ме тера да заплачам