Пере стана боксер и го најави првиот бокс меч

Пејачот на Нокаут, Никола Перевски – Пере, се спрема за првиот бокс натпревар. Тој објави слика од тренинг, сам и со екипата, и откри дека наскоро ќе се натпреварува. Малкумина знаат дека музичарот веќе некое време членува во клубот „Горила“, каде што тренира боречки спортови.

Пере периодов е постојано активен и со музиката. Тој неодамна одржа концерт на отворено пред Сити мол, пееше во Битола со Игор Џамбазов, а веќе наголемо се најавува и новиот настап на Пере и Игор што ќе се одржи во познато скопско кафуле.

Scroll to Top