Перформанс на 1.200 ученици, формираа македонско знаме во Прилеп

Над 1.200 ученици од основните и средните училишта од Прилеп формираа големо македонско знаме по повод големиот национален празник 11 Октомври.

  • Утрешниот празник е симбол на македонската борба за слобода, ден кога се поставени темелите на македонската државност. Токму градот херој Прилеп овој празник го пречекува со посебно внимание. На овој перформанс учествуваа над 1.200 ученици кои го формираа македонското знаме. Секоја година локалната самоуправа подготвува и други активности што ќе го одбележат овој значаен ден. Вечерва во 19 часот ќе има концерт на „Синтезис“ и диџеј Мето. Утре ќе го одбележиме со повеќе настани. На булеварот Гоце Делчев ќе има 10-то по ред Car Show, на кое посетителите ќе имаат можност да видат голем број олдтајмери и спортско-модифицирани возила. На плоштадот, пак, под градскиот часовник ќе се одржи настанот „Килимијада“, каде што ќе бидат изложени традиционални килими од страна на НВО „Мајка традиција“ – истакна Снежана Ристеска, советник за култура во Општина Прилеп.

Целта на овој настан е пред сѐ дружење на децата и зголемување на почитта на младите кон државните симболи, но и да им се оддаде почит на сите луѓе што го дале својот живот за Македонија во антифашистичката револуција.

Scroll to Top