Перо Камиказа: Спомените, сликите и серијата „Трст виa Скопје“ ќе не надживеe сите

Членот на музичката група „Меморија“ и поранешен актер, Петар Георгиевски- Камиказа носталгично се потсети на неговата улога во култната серија „Трст виа Скопје“ преку фотографии направени за време на снимањето во осумдесетите години од минатиот век.

Перо беше дел од актерската екипа на серијата, и ја играше улогата на Рио.

„За жал кумот Данчо Чевревски и колегата Гоце Влахов не се меѓу живите, но спомените, сликите и серијата „Трст виa Скопје“ ќе не надживеe сите“, напиша Камиказа.

Перо често преку постови на Фејсбук се потсетува на неговото актерско искуство во серијата. Тој се присетуваше и на одговорниот уредник на Драмската редакција Петре М. Андреевски, за кого гитаристот имал огромна почит. Па успехот на серијата „Трст виа СКопје“ ја препшува токму на Андреевски.

Режисер и сценарист на серијата „Трст виа Скопје“ беше Богдан Поп Ѓорчев, а настапуваа Себастијан Шабан, Снежана Стамеска, Ванчо Петрушевски, Мето Јовановски, Илија Џувалековски, Мите Грозданов и други.

Scroll to Top