Петар Грашо пееше за Оливер, публиката направи ѕвездено небо

Хрватскиот пејач Петар Грашо беше специјален гостин на Златна бубамара. Тој испеа една своја песна, а потоа во чест на починатата легенда Оливер Драгојевиќ ја испеа неговата “Цесарица”.

Публиката, по барање на Грашо, направи ѕвездено небо во чест на Оливер. Цела сала пееше заедно со него.

„Во Скопје ги имав едни од најубавите концерти во мојата кариера. Ајде и вечерва да имаме незаборавен момент за Оливер“, рече Грашо.

Редакција: Репортер

(Галерија) Дупка у публика, една карта пренесена во Будимпешта, почна Бубамара за отруени граѓани

Scroll to Top