Петре Шилегов позитивен на коронавирус

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, е позитивен на ковид19. Тој преку Фејсбук откри дека има корона и им порача на граѓаните да не го потценуваат вирусот кој се шири лесно.

„Почитувани, би сакал да ве известам дека и покрај сите мерки кои што се преземаа од моја страна за моја лична и заштита на луѓето околу мене, сепак не успеав да се себезаштитам од Ковид 19. Искрено се надевам дека вирусот го немам пренесено никому. Денешното тестирање покажа позитивен резултат. Клиничката слика е добра, со благо покачена телесна температура и без потреба од хоспитализорање. Ова е доказ дека вирусот не смее да се потцени и дека мора секој од нас да внимава. Чувајте се и чувајте ги другите околу вас“, напиша тој.

 

Scroll to Top