Пижама-парти во МТВ

Актерите наголемо ја најавуваат шестата сезона од хит-серијата „Преспав“, која ќе почне на 20 декември. Еден од нив е и шоуменот Игор Џамбазов, кој објави фотографија со Игор Ангелов и Игор Стојчевски, облечени во пижами и со разбушавени коси.

„Пижама-парти кај браќата Бузалевски“, напиша тој под фотографијата.

За потсетување, вчера, неколку дена пред првата епизода од новата сезона, „ОХО продукција“ го објави првиот трејлер. Иако петтата сезона заврши со пожар, сепак хотелот, наместо да се пеполса, ќе донесе многу хумор и изненадувања со актерите.

„Преспав“ помина на референдум, изгласана шеста сезона и почнува снимањето

Scroll to Top