Планирам да специјализирам медицина во Белград, Славица Ангелова по победата во Гранд ќе се пресели во Србија

По победата во „Ѕвездите на Гранд“, стотици граѓани синоќа ја дочекаа Славица Ангелова на плоштадот во Струмица. Пејачката која во моментов студира медицина во Софија зборуваше за плановите и предизвиците кои ја очекуваат и дека во иднина планира да се пресели во Белград.

„Студирам медицина, па планирам да се преселам во Белрад кога ќе дојде време за специјализација. Би сакала да живеам таму бидејќи Белград ми е навистина убав град“, рече Славица.

Пејачката им се заблагодари на сите за поддршката која ја добиваше додека траеше музичкото шоу и рече дека во иднина уште повеќе ќе работи на себе и кариерата.

„Верувам дека сите се горди на мене и се надевам дека како единствена Македонка на најдобар начин ја претставив мојата земја во шоуто. Во иднина ќе се обидам уште повеќе да работам на себе, на вокалот, личноста и кариерата. Се надевам дека песните што ги пишувам ќе бидат квалитетни и дека ќе им се допаднат на публиката“, рече Славица.

 

 

Scroll to Top