Најбрзиот македонски пливач кој успеа да го собори рекордот на Александар Маленко, Мартин Стефановски во тајванската метропола го развеа гордо македонско знаме.
Стефановски има своја пливачка академија „Аква Про“, а во 2012 година успеа да го урне 15 години стариот рекорд на Александар Маленко, кој дотогаш изнесуваше 24,47 секунди.