Скопскиот рокенрол бенд „Плутос даутс“ на 4 декември во киното „Фросина“ во МКЦ со концерт ќе го промовират својот деби-албум „Сизиф“. Настапот е во рамките на фестивалот „Таксират“, а билетите веќе се пуштени во продажба преку продажната мрежа на „мктикетс“, по цена од 200 денари, додека, пак, на денот на концертот тие ќе чинат 300 денари. Посетителите на концертот освен целовечерната свирка, ќе добијат и код за бесплатно симнување од Интернет на албумот „Сизиф“.
„Плутос даутс“ е музичка група од Скопје, која во период од две години помина низ неколку фази од аспект на звук, членство и чувство. Прв значаен повратен ефект испровоцира песната „Супер јупитер“, чиј спот беше дел од емисијата „Видеографи“ на МТВ Адрија. Клучен настан за реализација на „Сизиф“ е победата на „Лузер-фест“ во 2015 година