По десет години кариера, „Авалон“ ќе му прави концерт на Лозано

Поп-пејачот Влатко Лозаноски – Лозано на 23 март ќе одржи концерт во ВИП Арената во Скопје, а во организација на „Авалон продукција“. Ова е негов прв голем концерт по повеќе од десет години на сцената, период во кој ги отпеа хитовите „Сонце не ме грее“, „Ова лето ќе се памти“, „Јако јако“, „Мандарина“, „Километри“ и многу други. Влатко има снимено три студиски албуми, а освоил награди на повеќе од 20 фестивали во Македонија и во регионот.

„Концертот ќе биде со спектакуларна продукција, на ниво на светските концерти, затоа што мислиме дека Влатко Лозаноски заслужува ваков третман“, велат од „Авалон“.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба во среда (13 февруари), а ќе чинат од 500 до 1000 денари.

Scroll to Top