По дуетите со Лара и Антонија, Пајак сними нова песна со српската ѕвезда Ем Си Стојан

Македонскиот трап изведувач и текстописец Христијан Настески-Пајак сними дует и со популарната српска ѕвезда Ем Си Стојан.

За песната насловена „Моја мала“ снимија и спот кој официјално ќе излезе утре точно напладне.

Пајак и Ем Си Стојан новата соработка ја најавија преку Инстаграм со фотографија направена за време на снимањето на спотот.

Инаку македонскиот млад изведувач имаше два успешни дуети кои достигаа голем број на прегледи на Јутјуб. Песната „Бела“ ја отпеа со Лара Ивановска, за неколку месеци имаше преку 10 милиони прегледи, додека другата „Хабиби“ со Антониа Гиговска има нас еден милион.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🕷 Pajak 🕷 (@pajak.ur)

Scroll to Top