По змијата околу врат, Марија Груевска пак смисли како да го импресионира жирито во „Ѕвездите на Гранд“

Натпреварувачката Марија Груевска од Битола во најновата емисија „Ѕвездите на Гранд“,  повторно ги украде симпатиите на публиката и жирито во студиото кога се појави во костум со сошиени маски, а идејата ја добила од венецијанскиот карневал.

Оваа не е првпат Марија да изненади со своите настапи. Таа претходно во една од емисиите се појави со змија околу вратот, а пред тоа облече и златен фустан сличен на оној на Бијонсе со кој пејачката се појави на доделувањето на Греми наградите во 2017 година.

За секоја емисија, Марија има различен изглед. Таа претходно во шоуто настапи како вдoвица, па танчарка, потоа калуѓерка, cтpиптизета, па лyда тинејџерка.

 

 

Scroll to Top