Ристе Ристески, победникот на 11-тата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ и свечено го доби својот нов автомобил марка Škoda Rapid FL (Facelift) украсен со црвени бакнежи.
Ристески откако ќе ги сними гостувањата во емисиите и комерцијалните прилози за спонзорите и партнерите на продукцијата, со новиот автомобил ќе се врати во Македонија. Тој во наредните 9 години поради напорното темпо кое го очекува постојано ќе биде на релација Охрид-Скопје-Белград.
Покрај автомобилот, Ристе Ристески од продукцијата „Гранд“ доби две песни, но и целосен маркетинг и договор за менаџмент во времетрање од 9 години.