Вечерва по кратко боледување почина македонската актерка Јулијана Стефанова. Почина на 61 годишна возраст, а тажната вест ја соопштија од битолскиот Народен театар, каде ги играше најголемот дел од претставите.
„Пред неколку часа не напушти еден прекрасен човек, Јулијана Стефанова, актерката која штом ќе се појавеше на сцената веднаш предизвикуваше насмевка на лицата од публиката. Нејзиниот актерски хабитус беше мек и топол, специфичен по тоа со каква леснотија ги правеше работите на сцената. А зад сцената беше уште потопла и голем другар. Ќе ни недостигаш бескрајно и ќе те паметиме само по убаво. Патувај мирно“, соопштија од битолскиот театар.
Во кариерата одигра бројни главни и споредни улоги на сцената, а публиката најмногу ќе ја памети од претставите „Аудиција“, „Аждер“, и „Малограѓанска свадба