Почина актерот Кирил Поп Христов-Кили

На 58-годишна возраст, почина актерот Кирил Поп Христов-Кили.

Актерот се пресели во Еквадор во 2014 година.

Кирил Поп Христов е роден на 30 јули 1967 во Скопје. Дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на професорот Љубиша Георгиевски, во 1989 година.

Од 1993 до 2014 работеше во Македонскиот народен театар.

Глумеше во филмовите „Панкот не е мртов“, „Бал-кан-кан“, „Тетовирање“, во претставите „Ослободување на Скопје“, „Ревизор“, „Народен пратеник“ и други.

Scroll to Top