Почина актерот Кирил Псалтиров, доајен на македонското глумиште

По долго и тешко боледување, денес во Скопје почина актерот Кирил Псалтиров, доајен на македонското глумиште.

Тој беше еден од првата генерација актери кои излегоа од Академијата на драмски уметности во Скопје и целиот свој работен век го помина во Македонскиот народен театар. Таму одигра бројни улоги во најпопуларните претстави, како „Госпоѓа министерка“, „Чорбаџи Теодос“, „Женидба“, „Ревизор“ и многу други. Посебен печат остави со својата улога како Тевје во мјузиклот „Свирач на покривот“.

Пслатиров играше во многу македонски филмови како „Пред дождот“, „Најдолгиот пат“, „Време води“, како и во бројни ТВ-серии: „Илинден“, „Волшебното самарче“, „Во светот на бајките“, но и во популарните македонските народни приказни и „Трврдокорни“, каде посебно забележани беа неговите улоги во кои ги глумеше војводите Христо Узунов и Дедо Иљо Малешевски.

Погребот ќе се одржи утре, во неговиот роден град Кочани.

Scroll to Top