Почина Атанас Коларовски, играорецот и кореограф од првата генерација на „Танец“

Вчера почина Атанас Коларовски, знаменитиот играорец и кореограф од првата генерација на „Танец”, во својата 96-та година од животот.

Роден е во село Драчево, Скопско, во 1926 година. Тој беше еден од првите членови на Државниот ансамбл „Танец” станал негов член, каде беше уметнички директор, кореограф и играорец-солист речиси дваесет години. Тој е автор на повеќе врвни кореографии, кои ансамблот до ден денеска ги изведува. Меѓу нив се антологиските „Драчевка”, „Калајџиско” и „Невестинско”

Во 1970 година, се пресели во САД, каде ја продолжи својата активност како инструктор, пренесувајќи им го богатството на македонскиот музички и играорен фолклор на генерации вљубеници од целиот свет.

Коларовски остави длабока и неизбришлива трага на целокупната македонска култура, а неговите творби го внесоа во вечниот македонски незаборав.

Scroll to Top