Почина доктор Јовица Угриновски, кој, освен во хирургијата, беше вљубеник и во планините

Познатиот неврохирург доктор Јовица Угриновски денес почина на 77 години по долго и тешко боледување. Веста ја соопштија од „Неуромедика“ чии основач беше тој. Угриновски беше специјалист неврохирург, и редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Покрај медицината беше голем вљубеник и во планините. Беше љубител на планинарските спортови, а беше и претседател на Федерацијата за планинарство на Македонија.

 

 

Scroll to Top