Почина фолк пејачката Андријана Андреевска која боледуваше од рак на белите дробови

По долго и тешко боледување попладнево почина фолк пејачката Андријана Андреевска. Веста ја споделија голем број нејзини пријатели и колеги кои се простуваат од неа.

Андријана боледуваше од рак на белите дробови. Досега има настапувано на голем број на фестивали, како „Прилеп Фест“, „Охридски трубадури“, „Роса Фест“, „Филиграни“ и други, а имаше и голем број на турнеи низ светот. „Лажно срце“, „Одисеја“, „Ти ми требаш“, „Жена сум пак“, се само некои од нејзините песни.

 

Scroll to Top