Фолк-пејачот Блаже Богев почина вчера на 68 години. Тој една година се бореше со тумор на малиот мозок, но не успеа да ја победи болеста. Богоев, кој е по потекло од Кавадарци, почина во Скопје. Татко е на три деца. Неговите пријатели и колеги се простуваат од него преку социјалните мрежи.
Во кариерата, која траеше неколку децении, Блаже Богоев сними има шест албуми со стари македонски песни. Освен во Македонија, често настапуваше и во соседството, а имаше и концерти во дијаспората.