По долго боледување, денес, во Германија почина фолк-пејачот Васил Атаносов. Тажната вест ја објави неговата сестра Ленка, која напиша дека Васил пред една година се разболел поради семејни проблеми, а од стрес тој завршил во болница, каде што бил опериран.
Набргу потоа се шлогирал и останал неподвижен.
Васил испеал многу песни, а една од најпознатите му беше „Проклет да е кој нѐ раздели“. Неговите колеги се простуваат од него.