Почина Горан Гаврилов, сопственикот на радиото „Канал 77“

Сопственикот на познатото радио „Канал 77“, Горан Гаврилов, почина денеска на 54-годишна возраст. Тој почина како последица на кардиоваскуларни проблеми.

Радиото „Канал 77“ почна со емитување на 4 октомври 1991 година во Штип. По неколку месеци, радиото официјално почна со емитување на сопствена програма.

Сè до 1995 година „Канал 77“ работи како локално радио кога во периодот од 1995 до 1997 година се гради мрежа за покривање на цела Македонија.

Гаврилов беше познат медиумски работник и прв човек на Асоцијацијата на приватните електронски медиуми во Македонија.

 

Scroll to Top