„Не напушти нашата легендарна актерка, Сабина Ајрула Тозија. Тетка Сабина, легендо наша. Немам збор да прозборам. Патувај, патувај. Вечна ти слава кралице на сцената“, напиша тој.
Во февруари оваа година Ајрула-Тозија беше оперирана од тумор на мозокот, откако претходно ѝ се слошило на снимањето на една од епизодите на турската серија „Мафијата не го контролира светот“.
Операцијата беше околу Нова година, во Скопје, а веста за „Репортер“ тогаш ни ја потврди министерот за здравство Венко Филипче и семејството на Ајрула.
„Сабина е добра, се опоравува од операцијата, а и добро ѝ оди за сега. Се движи сама и по малку шета“, ни изјави тогаш за Репортер.мк министерот за здравство Филиче.
Сабина Ајрула беше познато име на македонската театарска сцена и истакната актерка во повеќе телевизиски и филмски продукции во и надвор од земјата. Во своето долгогодишно искуство соработуваше со повеќето реномирани македонски и странски режисери.
Актерката ќе биде запаметена по бројните улоги во филмови: „Сенки“, „Тетовирање“, „Преку езерото“, „Време на летала“ и многу други. Како и во сериите „Величенствениот“, „Фамилија Марковски“, „Салон Хармони“. „Зоки Поки“ и други.
Актерката Сабина Ајрула оперирана од тумор на мозокот откако ѝ се слошило на снимање