Почина македонскиот модел Филип Алексовски на 28 години

На 28 години почина моделот Филип Алексовски, член на модната агенција „Моделс ин“. Повеќе од десет години тој градеше успешна кариера во Македонија и регионот.

„Постојат луѓе што носат светлина во светот што е толку голема, дури и кога ќе си заминат, таа светлина ќе остане. Срцето ми е скршено“, вели Алек Наумовски од „Моделс ин“ и додаде дека Филип бил еден од најдобрите манекени во агенцијата.

Роден е на 1 октомври 1993 година во Скопје, а со манекенство почнал да се занимава во 2008 година. Работеше во Скопје и Белград на модни ревии и реклами, фотосесии и неколку големи кампањи.

„Последната ревија му беше во јуни на настан на британската амбасада. Исклучителен професионалец и модел кој поседуваше огромни квалитети. Филип остави голема трага на македонската модна сцена и ќе го паметиме како урбан и прекрасен лик, а јас лично како квалитетен модел, кој се појавува еднаш на 50 години. Огромна чест и привилегија е што беше дел од модната приказна на ‘Моделс ин’ повеќе од 10 години“, рече Алек Наумовски.

Scroll to Top