Почина новинарката и поранешна директорка на МРТ, Гордана Стошиќ

На 63 години почина Гордана Стошиќ, долгогодишната новинарка и раководител на повеќе медиумски куќи. Таа беше раководител на телевизија А1, генерална директорка на МРТ и скопската телевизија Скај нет.

Во својот долг работен век, Стошиќ раководеше со повеќе новинарски проекти, а беше активна и во невладиниот сектор. Голем број млади новинари ја поминаа нејзината школа низ редакциите што ги раководеше како уредник.

На социјалните мрежи од неа се простуваат бројни пријатели и соработници и споделуваат пофални зборови за нејзината работа, колегијалност и човечност.

Scroll to Top