Почина новинарката Јасмина Спасовска

Почина  новинарката Јасмина Спасовска, по  долга борба со болеста. Таа  последните две години работеше како новинар репортер во „ТВ 24“, а претходно беше дел од новинарската екипа на „А1 телевизија“.

Во својата новинарска кариера Спасовска покриваше теми кои имаа за цел приближување на сите значајни културни, уметнички и општествени настани не само до стручната јавност, уметниците и сите културни дејци во нашата земја туку и до љубителите на културата и на општиот ТВ-аудиториум.

 

 

Scroll to Top