Почина поранешен одбојкар на Работнички

Поранешниот одбојкар на Работнички, ЦСКА и Славија, Христо Модев, почина вчера на 43-годишна возраст.

Модев беше дел од Работнички, кој пред 12 години го оствари најголемиот успех во клупската историја, откако се пласираше на фајнл-фор турнирот на Топ тим купот во организација на ЦЕВ.

Одбојкарот зад себе ја остави сопругата Валентина, како и двете ќерки, Габриела и Келементина.

Scroll to Top