Почина професорката Татјана Петрушевска, која покрај предавањата на Правен факултет имаше и уникатн стил на облекување

На 55 години по долго боледување почина д-р Татјана Петрушевска, универзитетски професор, правник. Освен по прдавањата, студентите ја паметат и по интересниот и уникатн стил на облекување. Токму вакви пораки стојат и по објвата на пејачката Ребека Јанковска. која ја сподели веста за Петрушевска.

Татјана Петрушевска беше редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по меѓународно јавно право, право на меѓународните организации, право на меѓународните трибунали, дипломатско и конзуларно право.
Има објавено повеќе од 250 научни и стручни трудови во домашни и странски стручни списанија на теми од областа на меѓународното јавно право и правото на Европската унија.

 

Scroll to Top