Почина радио актерката Таска Балабанова

По долго и тешко боледување, на 85 години во Скопје почина актерката Таска Балабанова. Со гласот на Балабанова израснаа многу генерации слушатели на Радио Скопје, денес Македонско радио.

Таска Балабанова е родена во Велес. Како актерка, кариерата ја започна во некогашниот Младинско- куклен театар, од кој во 1965 година е формиран Драмскиот театар. Балабанова потоа замина во Радио Скопје, каде до пензионирањето работеше како радио актер и го позајмуваше својот глас во бројни радио драми, во „Веселата емисија“, „Лирското интермецо“, култната серија „ Хихирику“. Незаборавна е нејзината интерпретација на ликот Олива во цртаната серија „Попај морнарот“, како и надсинхронизациите во серијата “Штрумфови”.

Играше стамени жени и дами во филмовите и тв сериите: „Средба“, „ Едно лето“, “Илинден”, „ Време на летала“, „ Трето доба“, „ Мугра“, „ Македонски народни приказни“ и „Време – живот“.

Објави интерпретации на приказни за деца, а ги снимаше и првите реклами во 1950-те години.

Scroll to Top