Почина шампионот на Шутка, скопската легенда Алфонсо

Вчера почина познатата скопската легенда и актер Рефет, меѓу народот познат како Алфонсо. Секогаш облечен во препознатливиот бел костум, тој редовно беше присутен во скопските кафулиња каде што сакаше да пие капучино, се поздравуваше со познаниците и пријателите, а често одеше и во скопските дискотеки.

„RIP Рефет-Алфонсо. Со својот скопски шарм ќе остане во вечно сеќавање на скопјани и во сеќавањата на тие што минале низ Скопје“, стои на фејсбук-групата „Стари скопјани“, кои ја објавија веста за неговата смрт.

Алфонсо беше познат и по улогите во филмот „Шампионите од Шутка“, но глумеше и во „Дом за бесење“ и „Црна мачка бел мачор“ на познатиот продуцент и режисер Емир Кустурица.

Scroll to Top