Почина таткото на Весна Петрушевска, актерката со емоции се прости од него

Актерката Весна Бејби се прости од својот татко Кирил, кој почина утрово. Таа со многу емоции раскажа за љубовта на нејзините родители која траела од тинејџерските години, а Кирил го опиша како човек со голем дух и шарм.

„Утрово почина мојот најмил деди. Ужасно ми е тешко и нема никогаш да престане да ни недостасува твојата широка насмевка, исклучителниот дух и несебичната љубов. Те сакам тато, те сакам затоа што беше нежен со нас, со внуците Ема, Јана, Мина и Кирил, со зетот Џоле, со Вики. Ќе ми недостасува восхитот на љубовта која ја имавте со мама Сашка, вечни тинејџери и прва љубов која инспирираше. Те сакаме бескрајно, нека ти е светол патот татичко, одмори се“, напиша Весна.

 

Scroll to Top