Поранешниот претседател на ФК „Балкан Стококомерц“ Ванчо Георгиевски-Сурла почина вчера. За време на неговото раководство, клубот мина четири ранга на натпреварување за четири сезони, така што од Втората македонска-запад, преку Првата МФЛ, стигна до Третата сојузна лига – Исток, па до Втората сојузна југословенска лига (сезона 1991/992).
Тој беше кандидат за потпреседател на Фудбалскиот сојуз на Македонија на првите избори во самостојна држава Република Македонија. Редовно госуваше на предновогодишните средби на фудбалерите, управата и спортските новинари кои беа дел од најуспешната деценија во 100 годишната историја на Балкан во периодот 1988-1998 година.
Георгиевски беше погребан денес на градските гробишта Бутел во Скопје.