Почина Зеко “Шток ми бејби”

Денес, по кратко боледување на 56 години почина Горан Атанасов – Зеко, поранешен пејач и шоумен. Тој ќе остане запаметен по хитовите „Шток ми бејби“, „Дај ми, жити сè“, „Нема спас“ и други кои ги изведуваше со „Хавана бенд“, Игор Џамбазов и Сашо Пижевски. Изминативе години тој беше сопственик на кафулиња, дискотеки и клубови, а многумина велат дека бил еден од создавачите на ноќниот живот во Скопје.

Зеко долги години не беше активен на музичката сцена. Последната песна ја сними 2009 година со Александар Митевски, „Балада за мајка ти и татко ти“.

Голем број музичари, актери, композитори и јавни личности денес преку објави на социјалните мрежи се простија од Зеко. Тие напишаа дека ќе остане запаметен по своите оригинални идеи, но и песните кои ги одбележаа ’90-те години на минатиот век, го нарекоа легенда, ѕвезда на скопскиот асфалт и неповторлив лик.

Scroll to Top