Почнува летниот театарски фестивал за деца „Жапчиња“

Вечер, во 19 часот, во паркот во скопската населба Капиштец почнува летниот театарски фестивал за деца „Жапчиња“. За најмладите ќе биде изведена детската претстава „Убавата принцеза Галена“.

Фестивалот е во организација на Општина Центар во соработка со здружението „Култи-ватор“ и театарот „Арт вени види“.

Следните термини ќе бидат во јули и август и се резервирани за претставите „Солта е поскапа од златото“, „Верче-Ѕверче“ и „Двете самовили“.