Почнува модниот викенд

Со свеченото отварање на шоурумот „United Fashion SEE” во 18 часот, денес, официјално ќе започне со нетрпение 19-то издание на Моден Викенд Скопје. Ревиите ќе се одржуваат во поранешната печатница на НИП „Нова Македонија”.

На модниот викенд ќе се престават студентите на факултетот за Арт и Дизајн при Европскиот универзитет, приредувајќи тематско модно шоу со наслов „Ив Сен Лорен и јас”. По нив и Yllka Brada, гостинка од Косово. На сцената ќе се појави и Маја Кикириткова, која за првпат пред присутните ќе открие сосема непознати парчиња од повратничката колекција „ELEAZAR’.

На модниот викенд Евгенија Зафировска, Софија Урмовиќ, Марија Кулисиќ, Марко Фехер и други. Второто студентско шоу е резервирано за последниот ден, овојпат од Технолошко-металуршкиот факултет.

Scroll to Top