Подобро да издадеш книга отколку државата: Џамбазов ќе се потпишува на Саемот за книга

Актерот и шоумен Игор Џамбазов, утре со почеток во 18 часот на Саемот за книга, ќе ги потпишува неговите книги. Тој ги повика сите да дојдат и заедно да се дружат.

„Саем на книгата, 13ти септември, 18 часот, на штандот на @knizarnica_tri, ќе ги потпишувам моите книги. Повелете да се дружиме, на дистанца. Подобро да издадеш книга, отколку државата. Подобро да потпишуваш книги, отколку лоши договори“, рече Џамбазов.

Саемот на книга оваа година се одржува на отворено непосредно до Аква паркот кај салата „Борис Трајковски“. Започна на осми и ќе трае до 14 септември.

„Искуството од лани покажа дека со почитување на мерките, Саемот за книга може да се одржи во добар ред и со одлична промоција на наслови. При тоа Скопје покажа дека Саемот на книга му е неопходен како еден вид духовна храна каде читателите може да ги изберат своите омилени парчиња“, рекоа организаторите.

Scroll to Top