Откако веќе неколку дена се зборува дека Елена Велевска ја имитирала Јелена Карлеуша со гардеробата и косата обликувана со преса, фолк-пејачката реши да ја разјасни дилемата. Од една страна Елена важи за една од најстилизираните пејачки на домашната фолк-сцена, велат нејзините фанови, а од друга страна, таа без пардон знае да купи сè што ѝ се допаѓа, за што сведочи и едно видео на „Инстаграм“ од последната турнеја во Австралија каде што за шопинг потрошила над 10.000 евра.
„Што се однесува до спорната фотографија со фризурата обликувана со преса која Карлеуша ја имаше неодамна, на 30 мај 2017 година на својот фејсбук-профил постирав фотографија направена од Кики Муки со истата фризура. Тоа што се случува во последниве неколку дена во најмала рака ми е смешно. Зар е грев да бидеш инспириран од некого? Живееме во 21 век каде сè е видено и не можеме да измислиме топла вода. Подобро да ме споредуваат со Карлеуша отколку со Стоја. Ако купите некое парче гардероба од кој било бренд значи вие сте копија на некој кој го направил тоа пред вас“, изјави Велевска за „Репортер“. (А.Г.)