Пејачот Мите Стоилков вчеравечер ја промовираше новата песна „Оди си“, за која сними и спот. Стоилков, на јавноста ѝ стана познат откако настапи во музичкото шоу „Пинкови ѕвезди“. Вчера во ресторанот „Виолина“ на промоцијата му дојдоа негови колеги, музичари, новинари. Стилков за „Репортер“ вели дека е задоволен од она што досега го сработил и дека во иднина планира нови песни.
„Спотот го снимавме на повеќе локации низ Скопје. Се надевам дека ќе ѝ се допадне на публиката. На него работеа моите пријатели и колеги Лазар, Магдалена и Даниел и мислам дека направивме добар продукт. Во иднина планирам албум, но за тоа има време“, изјави за „Репортер“ Мите Стоилов.