„Поминав депресивен период, сега станувам пејачка“-сопругата на Кајмаковски искрено за разводот

По разводот со пејачот Даниел Кајмаковски, моделот и менеканка   Кристина Димитриевска (23)  конечно прозборе во јавнсота. Таа изјавила дека воопште не било лесно да го преброди разводот, особено затоа што не успеало нешто со човек кој го сакаш.

Иако додека беа во брак Кајмакоски постојано споделуваше фотографии од нив и нивниот син, веста за  разводот ја изненади јавноста.  Кристина откри за Бекстејџ дека и требало подолго време да закрепне и како вели да сфати дека “ никој нема да  каже, ајде стани, туку мораш самиот да имаш силна психа и да продолжиш понатаму“.

И додала : Беше тоа долг период на затвореност, не сакав да комуницирам со никого, поминав депресивен период, но важно е каде сме сега. После разводот вежбањето е тоа што ме врати назад, што ми ја врати целата енергија – раскажала Димитриевска .  Таа најави дека се враќа на кариерта, на амнекенството ни и дека снима дуетскапесна со Андреј Миске. Кристина и Даниел  беа неколку години во брак. Откако се земаа и двајцата се повлекоа од кариерите. Тој како пејач, таа како модел. По потврдата дека се разведени, Даниел, кој беше првиот победник на музчкото шоу Х-фактор, почна повторно да снима песни и да ја враќа кариерата. Двојката го има синот Давид.

 

 

Scroll to Top