„Најдобрата поп композиција на Балканскиот Манир“ на престижниот фестивал „Охрид фест“ во 2025 година и припадна на Ана Станојевиќ, ѝ честитаа Дадо Топиќ, Ана Петановска, Григор Копров и многу други
Станојевиќ ги воодушеви љубителите на музиката, а откако ја обработи песната „Македонско девојче“ во помодерен аранжман, уште еднаш ја покажа љубовта кон Македонија.
Имено, викендов во Охрид се одржа традиционалниот фестивал „Охрид фест“, каде во поп-вечерта, песната „Навикла сам да ме лажу“ ја освои наградата „Најдобра поп композиција на Балканскиот Манир“. Ана остави одличен впечаток, а ги запозна легендарните Дадо Топиќ, Ана Петановска, Григор Копров и доби поддршка и честитки за наградената патека.
„Среќна сум што сум наградена, заедно со моите соработници. Благодарам на мојот тим, Хрвој Шепаровиќ, Амир Пушкар и Нинослав Адемовиќ кои направија извонредна комбинација и вешто ги исткаија тоновите на хармоника во поп манир“, рече Ана.