Поради девојка од Скопје, Шакира го остави Пике, тврдат бугарските медиуми

Поради девојка од Скопје, Шакира го оставила Пике, тврдат неколку бугарските медиуми. Како што пишува blitz.bg станува збор за моделот и блогерка Драгана Спасовска, која живее и работи во Дубаи, но засега оваа информација не е официјално потврдена.

Woman.bg открива дека Драгана, која е од потекло од Пловдив, го запознала Пике во Дубаи. Нивната последна средба била во ресторан пред Нова година. Некои од медиумите објавија и заедничка фотографија, која брзо се рашири по социјалните мрежи.

Во шпанските медиуми со години се пишуваше дека на фудбалерот му се слабост убави жени и дека порано или подоцна тоа ќе му ја уништи врската со Шакира. Пред муабетите за Драгана, повеќето медиуми пренесоа дека Пике ја изневерил Шакира со бразилската манекенка Сузи Кортез, позната и како Мис Бум бум, односно девојка со најубав задник во Бразил.

За потсетување, Пике и Шакира беа заедно 12 години и имаат две деца. Тие никогаш не се венчаа, а допрва ќе треба да се одреди поделбата на имотот.

 

Пике ја изневерил Шакира со мис Бум бум: Тој прв ми пиша, тврди Сузи Кортез

Scroll to Top