Поранешната руска тенисерка и шампионка на Вимблдон Софија Жук пак го привлече вниманието на медиумите. Таа откако во 2020 година се пензионираше поради повреда, постојано е актуелна во јавноста. Како што пренесуваат руските медиуми, поранешната јуниорска победничка на Вимблдон ги зголемила градите со вградување силикон. Таа тоа го објави и во јавноста преку атрактивни фотографии на Инстаграм, а како што вели „значително ѝ се зголемила самодовербата“ благодарение на новите гради.
Софија го освои јуниорскиот Вимблдон во 2015 година без загубен сет. Сепак, по 123 победи и 66 порази, со заработени 400.000 долари од „белиот спорт“, Русинката се откажа поради проблеми со болки во грбот кои беа неподносливи.
Таа моментално живее во Мајами.