Поранешната голманка на „Вардар“ Ина Суслина стана мајка

Поранешната голманка на „Вардар“, Ина Суслина, стана мајка. Таа роди девојче на кое ќе му го даде името Миа. Радосната вест ја сподели нејзиниот сопруг Емануел Рудниковски, кој напиша дека ова е најсреќниот ден во неговиот живот.

„Драги мои, станав татко, се роди Миа“, напиша Емануел на „Фејсбук“.

Ина претходно сподели фотографија на „Инстаграм“ каде го покажа трудничкиот стомак, а слики од бремената голманка споделуваше и нејзиниот сопруг, Емануел Рудниковски.

39-годишната Суслина е по потекло од Узбекистан. Таа пред да се повлече од спортот, шест години беше голман на „Вардар“. Во нејзината кариера освои сребрен медал на Олимписките игри во Пекинг, Кина (2008), три златни медали, и тоа на СП 2001 во Италија, СП 2007 во Франција и на СП 2009 во Кина.

Сребрен медал има од Европското првенство во Шведска во 2006 година, а бронзен медал на Европското првенство во Македонија во 2008 година.

Scroll to Top